Од срамежливост до самодоверба

Од:

Срамежливоста е нормална појава во раното детство и детето може да ја надмине, најпрво со помош на родителите.

Следуваат совети на психолозите за тоа како уште на почеток да реагирате доколку забележите дека вашето дете има недостиг од самодоверба.

Срамежливоста не може да се „излекува“, но може да се коригира до мерка, која е неопходна за нормален социјален живот.

Психологот Сузан Гелб, докторка и тренер за личен развој, верува дека никогаш не е доцна да станеме личност каква што сакаме да бидеме, силни, полни со самодоверба, смирени, креативни.

Од таа причина, таа има неколку совети за родителите, кои на време ги препознаваат знаците на срамежливост кај своето дете:

Дозволете им на децата да ги завршат своите мисли и реченици

Голем број добронамери родители му упаѓаат на детето во половина реченица додека тоа зборува, нудејќи некои свои идеи или мисли или со други зборови ја завршуваат реченицата наместо детето. Меѓутоа тоа може да влијае на самодовербата на детето, бидејќи на тој начин тоа може да помисли дека тоа што сака да го каже не е интересно или е неважно. Од таа причина секогаш прво почекајте да ја заврши својата мисла, иако можеби веќе знаете што сака да каже.

Не критикувајте

Речиси е стопроценто сигурно дека вашето дете ќе го држи јазиот за заби доколку претпостави дека кога ќе почне да зборува ќе почнете да го критикувате. „Зошто што било да кажам, ако веднаш ме поклопат“, си мислат децата. Исто така родителите често се прашуваат зошто децата најчесто велат „не знам“, кога ќе им постават прашање.

Слушајте

Во детската природа е да сакаат да ги споделуваат работите, особено со оние луѓе, на кои им веруваат. Ако вашето дете има доверба во вас и се чувстува безбедно, тоа ќе сака се да ви раскаже. Затоа е важно со внимание да слушате што ви зборува, придржувајќи се на претходните правила.

Кажувајте му пофалби

Ова постојано им го повторувам на родителите, фалете ги своите деца секогаш кога ќе сторат нешто вредно за пофалба. Сите сакаме комплименти. А кога ќе ги добиеме, чувството е толку добро, што тогаш сакаме уште повеќе. Тоа не мотивира да бидеме уште подобри и е фантастично за самодовербата.

Преиспитајте се себе си

На скала од еден до десет, колку сте срамежливи? Дали со вашето однесување му давате на детето лош пример? Ако одговорот е да, тогаш би требало да почнете од себе. За ваше добро, но што е уште поважно, за доброто на вашето дете.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска