Османи – Винтон: УНДП може да придонесе во активностите на Владата за враќање на патот кон ЕУ

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со Постојаниот координатор на УНДП и постојан претставник, Луиза Винтон.

Како што соопшти СЕП, Османи изразил благодарност до Винтон за нејзиниот досегашен професионален и личен ангажман и одличната досегашна соработка, и при тоа и двајцата се согласиле дека УНДП во претстојниот период може да даде голем придонес во активностите кои Владата ги презема за враќање на земјата на патот на ЕУ.

– Имавме напорен и динамичен месец, го финализиравме Планот 3-6-9, време е да почнеме да испорачуваме. Свесни сме за големите очекувања од граѓаните и тоа преставува уште еден предизвик за нас да ги вложиме сите расположливи механизми за да ги адресираме итните реформски приоритети, рече Османи.

Со оглед на меѓународното и регионалното искуство, вицепремиерот Османи истакна дека очекува УНДП да продолжи да ја поддржува земјата и понатаму во процесот на евроинтеграција.

Тој нагласи дека УНДП е долгогодишен партнер на Македонија, кој дава поддршка во областите на децентрализација, социјална инклузија, животна средина, опоравување и реконструкција во случај на катастрофи, меѓусекторски и заеднички програми, и се надева дека таквата соработка да се продлабочи и унапреди. Секако размената на искуства во искористувањето на ИПА фондовите би било дополнителен придонес во успешната соработка.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции