ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на Игор Ивановски од СДСМ во која рече дека пратеничката група на СДСМ на продолжението на координацијата кај претседателот на Собранието ќе го достави планот за штедење на буџетот преточен во еден амандман.
„СДСМ веќе по четврти пат одбива конструктивен и разумен предлог понуден од наша страна. Тоа веќе станува навика. СДСМ ги одбива сите наши предлози, кои што се конструктивни и разумни и кои што одат во прилог на интересите на граѓаните“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, се додава во реакцијата, со оваа нивна нерационалност не му штети на ВМРО-ДПМНЕ, туку најмногу им штети на граѓаните на Република Македонија.