Турската фудбалска федерација го суспендираше фудбалерот на Фенербахче, Раул Меирелеш, откако е прогласен за виновен за плукање на судијата во поразот од Галатасарај минатиот викенд.
Првобитно се мислеше дека суспензијата ќе трае најмногу 7 мечеви, но ТФФ одлучи казната да ја продолжи на 11.
29-годишниот фудбалер од средината на теренот пристигна од Челзи минатото лето, одигра 10 натпревари и постигна 1 гол.
Што всушност се случи, погледнете од видеото.