Меј на Г20 нема да го покрене прашањето за климатските промени

Од:

Британската премиерка Тереза Меј на Самитот на групата Г-20 во Хамбург нема да го покрене прашањето за климатските промени, иако тоа се очекува да биде едно од главните теми.

За разлика од домаќинот на Самитот, германската канцеларка Ангела Меркел, кои најави дека климатските промени, заедно со трговијата, се меѓу водечката тема на дневниот ред, особено по повлекувањето на САД од Парискиот договор, Велика Британија се определи за сосема други прашања.

Според медиумите во Лондон, ставот на британската Влада е дека климатските промени сега „немааат приоритетно значење“.

Најавено е дека Меј на Самитот ќе инсистира на прашања поврзани со прекин на финансирањето на тероризмот, глобалната миграција, модерното ропство и создавањето услови глобалната економија да биде корисна за сите.

Ваквата позиција, различна од онаа на другите, се поврзува со најавата дека Меј ќе има средба „во четири очи“ со американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето обраќање во Варшава, од каде допатува во Германија, воопшто не зборуваше за климатските промени, туку за тероризмот, миграцијата и заканите за западната цивилизација.

Меј прв пат ќе има билатерна средба со Трамп, по нејзнината посета на Вашингтон веднаш по инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД во јануари годинава, кога уште тогаш го покани во државна посета на Велика Британија, како гостин на кралицата Елизабета.

Одбегнувањето на прашањето околу климатските промени од страна на Меј предизвика остра реакција во британската политичка јавност.

Владата се обвинува дека се откажала од долго најавуваниот план за „чист воздух“ за кој се зборува веке 25 години.

Од неа се бара да се ревитализира целиот проект, а Велика Британија заедно со најбогатите држави во светот да им даде пример на помалку развиените да се определат за чиста енергија до 2050 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот