ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги задолжува граѓаните секојдневно за 1 милион и 600.000 евра

Од:

СДСМ во текот на изборната кампања ветуваше дека нема да има нови задолжувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение, додавајќи дека ваквото ветување на СДСМ не издржало ниту еден месец без да биде прекршено.

„За еден месец на власт СДС ги задолжува граѓаните на Македонија секојдневно за 1 милион и 600.000 евра.

Доколку СДС продолжи со оваа темпо на задолжување за една година ќе ја задолжи државата и граѓаните за 720.000.000 евра, а за време на 4 годишен мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра.

Граѓаните од СДС очекуваат проекти, а не милионски задолжувања кои ние и нашите деца треба да ги враќаме со камати.

СДС да престане да глуми опозиција и да се зафати со работа, во реализирање на ветеното, без притоа да се задолжува на секој чекор.

Граѓаните наместо задолжувања од СДС очекуваат 16 000 денари минимална плата и 30 000 денари просечна плата . Додека докторите очекуваат 100 000 денари плата како што СДС им вети. Граѓаните од СДС очекуваат и укинување на радиодифузната такса, која СДС ја вети, а сега бега од тоа ветување, но и изградба на нови 550 километри автопат и 600 километри нови магистрални патишта“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ