Отворена ликовната колонија Карпино во Куманово

Од:

Мултимедијалното здружение „Карпино“ денеска во кумановската населба Карпош ја отвори 15. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, на која учествуваат 20 уметници од Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија и од Македонија. Колонијата ќе трае осум дена, а уметниците ќе го посетат и манастирскиот коплекс Карпино каде што ќе можат да се инспирираат од древната убавина на манастирот.

На изложбата уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно. Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе може да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите.

– Уметниците ќе ја посетат и црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар АСНОМ каде исто така ќе се инспирираат, изјави Зоран Павловски, претседател на здружението.

Годинава се очекува плодна продукција од 40-тина дела, кои ќе бидат распределени по институциите во градот.

– И на оваа колонија учествуваат млади уметници од прва и втора година на факултетот, така што настојуваме да ги поврземе младите и поискусните уметници, со што се овозможува размена на искуство, на техники, култури, додава Павловски.

Уметничкиот директор на колонијата Валентина Илиевска изјави дека покрај сликањето, предвидено е да се одржат поетски вечери, театарски претстави, настапи на музичари. Ќе биде изведена преставата „Госпоѓа министерка“ на кумановски дијалект. Во колонијата се вклучува и Фото кино клуб „Козјак“ со изложба на фотографии. Колонијата ќе трае до 13 јули, а создадените дела ќе бидат изложени пред кумановската јавност, а потоа низ градовите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски