А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните за лажен барок и споменици

by А1он06/07/2017 - 16:0106/07/2017 - 16:0290
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Никој во историјата на независна Македонија не направил толкави штети врз економијата како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење.

ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше тајно и неконтролирано и го криеше јавниот долг кој достигна и над 50% од БДП. Парите набавени од скапите заеми се трошеа за луксуз, скапи споменици, лажен барок и криминално богатење на поединци. Заради таквото неконтролираното и прекумерно задолжување на граѓаните и нетранспаретното раководење на јавните финансии, кредитните агенции, како Стандард и Пурс го намалија кредитниот рејтинг на земјата, а заради лошите економски политики Македонија плаќа едни од највисоките каматни стапки за задолжувањата на меѓународните пазари.

Времето на неконтролирани и тајни задолжувања заврши. Промените во економијата се гледаат. За секое задолжување, Владата транспарентно ја известува јавноста и секој преземен чекор е во согласност со интересите на граѓаните. Заврши времето на децениското расипничко и нетранспарентно трошење на буџетските средства. За сите злоупотреби на пари на граѓаните, ќе следува одговорност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube
sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

Горан Наумовски19/05/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

Горан Наумовски19/05/2026 - 12:10

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски19/05/2026 - 10:0919/05/2026 - 10:11

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

Горан Наумовски19/05/2026 - 09:06

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Горан Наумовски18/05/2026 - 10:56

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он16/05/2026 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто