Турските власти не го прифаќаат повикот на Европскиот парламент да се суспендираат преговорите за членство на Турција во ЕУ, изјави денеска турскиот министер за евроинтеграциски прашања Омер Челик, нагласувајќи дека тоа е политичка одлука која Анкара ќе ја смета за неважечка.
Шефот на турската дипломатија Хусеин Муфтуоглу оцени дека таа одлука е заснована на погрешни тврдења и наводи, а исто така ја поткопува репутацијата на Европарламентот.
ЕП побара денеска од ЕУ да ги суспендира пристапните преговори со Турција доколку Анкара ги спроведе уставните промени, со кои се зголемува моќта на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.