Чилкот: Блер не беше искрен за одлуката за воената интервенција во Ирак

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер не беше искрен кон државата во врска со неговата одлука од март 2003 година за учество на британската војска во американската интервенција врз Ирак, изјави за Би-Би-Си раководител на специјалната истрага за војната од пред повеќе од 14 години, Џон Чилкот.

Според Чилкот, доказите што ги презенетирал Блер во истражната постапка, од емоционален аспект биле вистинити, но впечатокот бил дека тој повеќе ум верувал на неговите и таквите докази, отколку на фактите.

– Нашата истрага заклучи дека Блер ја преувеличил заканата од режимот на Садам Хусеин и дека затоа извршената инвазија врз Ирак не беше единственото решение, како што тоа тогаш го прикажуваше поранешниот премиер во своето образложение во британскиот Парламент и пред домашната јавност, вели Чилкот.

Раководителот на истрагата за ирачката војна објаснува дека Блер и сега верува во исправноста на одлуката и потребата за интервенција против тогашната власт во Ирак.

Во текот на истрагата, Блер ги презентирал своите сознанија и уверувања, што според Чилкот, не е ништо невообичаено за еден премиер кој влегол во некоја војна.

Тој уверува дека Блер во целата истрага бил искрен, отворен и коопративен, откривајќи дека бил под силен емоционален стрес поради притисокот на домашната јавност.

Претставник на Блер одби да го коментира интервјуто на Чилкот, забележувајќи дека сите овие прашања и состојби во врска со истрагата веќе биле повекепати разгледани и расправани.

Интервјуто на Џон Чилкот е прв негов јавен настап во кој тој зборува за Блер и за истрагата, една година по објавѕвањето на извештајот од истрагата.

Ова беше седма истрага за војната во Ирак, во која се настојува да се докаже дека поранешниот премиер „ја излажал“ британската јавност. Сите истраги само потврдија дека за тоа нема докази и секоја заклучуваше дека Блер можеби ја преувеличал заканата од режимот на Хусеин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак