Трамп: Русија се однесува дестабилизирачки

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Варшава го критикуваше однесувањето на Русија, опишувајќи ги акциите на Москва како дестабилизирачки.

– САД соработуваат со своите сојузници на спротиставување на акциите и дестабилизирачкото однесување на Русија, изјави Трамп во пресрет на утрешната средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург.

Тој додаде дека постои можност Русија да се вмешала во изборите во САД во 2016 година, но и дека и други држави биле вмешани за што „всушност никој сигурно не знае“.

Трамп осврнувајќи се на ракетната закана од Северна Кореја посочи дека САД разгледуваат „прилично сериозни опции“ како одговор на таквата закана, но тоа не значи оти ќе ги применат.

Американскиот претседател ја повика глобалната заедница да покаже дека постојат „последици од воинственоста и многу лошото однесување“ на Пјонгјанг.

Полскиот претседател Анджеј Дида по состанокот со Трамп изјави дека САД се сериозни за безбедноста на Полска.

– Ние сме лојални партнери кои соработуваат за низа прашања, меѓу другото и за безбедноста, наведе Дуда.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети

(ВИДЕО) Силно снежно невреме зафати дел од Америка

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

(ВИДЕО) Украина со дронови го нападна Ростов