Индепендент – Лондон
Никола Старџен се повлекува од најавениот втор референдум за обезбедување на шкотската независност, по лошите резултати на Шкотската национална партија (СНП) на изборите.
Шкотската прва министерка најави дека ќе го „ресетира планот кој беше најавен на 13 март“, со кој се ветува закон што ќе биде донесен во Нолирод за обид за брзо спорведување на референдум.
Овој потег предзика жестоки критики по општите избори, кога нејзината Шкотска национална партија загуби 21 место од претходните 56 и падна на 35 проценти од глсовите.
Неодамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека 43 проценти од Шкотланѓаните брзо сакаат втор референдум за независност на Шкотска, па Старџен призна дека оваа контроверзност ја чинела скапо нејзината партија на избирачките места.
– Затоа денес потврдувам дека откко го слушнав и добив гласот на народот, шкотската Влада ќе го ресетира планот кој беше најавен на 13 март, рече таа во шкотскиот Парламент. – Нема веднаш да бараме закон за референдумот за независност, порача Страџен.
Во март, првата министерка се заложи дека ќе им даде на Шкотланѓаните втора шанса да гласаат за напуштање на Обединетото Кралство до крајот на конечното излегување на земјата од ЕУ во 2019, откако Шкотланѓаните го одбија планот на Тереза Меј за неодложен Брегзит.
Во Холирод, Рут Дејвидсон, лидерот на шкотските конзервативци, рече дека Старџен треба да оди до крај и на маса да го стави референдумот за независност. Таа испрати сатитичен твит: „Ниту ќе воведеме, ниту пак ќе спречиме закон за индиреф2,. Наместо тоа ќе имаме уште едно лето на сакање на оној со кого сме“.
Но, Старџен остана на тврдењето дека шкотската Влада „останува силно посветена на принципот да и се даде на Шкотска право на избор на крајот на овој процес“.
СНП се уште сака на народот да му даде избор на крајот на процесот на Брегзит кога „се ќе стане јасно“ во врска со тоа како овој потег ќе влијае на Шкотска и на Велика Британија. Во меѓувреме, нејзините министри треба да ги „удвојат нашите напори да се спречи предвремен втор референдум, со напомена дека тој нема да се случи за уште барем две години затоа што Шкотланѓаните не го знаат исходот од преговорите за Брегзит.
Со цел да се одржи правнатата структура, на Единбург мора да му се даде „Наредба од советот“ на Вестминстер според член 30 од Законот за Шкотска од 1998 година.
За да се помогне во влијанието на шкотската Влада во преговорите за Брегзит, Старџен ги повтори своите барања до министрите од СНП да бидат на преговарачката маса и ги повика другите партии во Холирод да ја поддржат.
– Шкотската Влада ќе ја даде надобрата шанса за позитивно влијание врз исходот од Брегзит ако сме на преговарачката маса, со целосна поддршка од нашиот национален парламент, и со барањето за останување во единствениоот пазар, рече таа.
– Затоа, придружете ни се, без никакви условувања. Подржете ги барањата за демократски избраната шкотска Влада да биде на преговарачка маса, со шанса да влијае на стратегијата за преговарање на Обединетото Кралство, за останувањето на Шкотска и Обединетото Кралство на единствениот европски пазар, нагласи Старџен.
Вили Рение, лидер на шкотските Либерални демокарти, рече дека „ништо не се сменило“. – Првата министерка долго размислуваше за нејзините планови за независност. И по тоа мачно и долго размислување, таа заклучи дека првата министерка треба да свика втор референдум за незавиност кога ќе одлучи за тоа. Па така апсолутно ништо не е сменето, вели Рение.