Изложба на графики од Јадранка Урдаревски во Куманово

Од:

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на компјутерска графика насловена „Дијалог“ на авторката Јадранка Урдаревски од Скопје.

Изложбата ќе трае до 20 јули до кога кумановци ќе имаат можност да разгледаат 35 графики, нова продукција на авторката, работени во 2017 година.

Јадранка Урдаревски дипломирала на Факултетет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство со модно креирање и магистрирала во 2009 година на отсекот вајарство.

Реализирала голем број самостојни и групни изложби во Македонија, учествувала на ликовни колонии и е добитник на награди.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски