Преговорите за решавање на прашањето за Кипар привремено се прекинати на барање на двете страни, но се очекува денеска попладне да продолжат, соопштија Обединети нации.
Прекинот е поради подготовки за продолжување на преговорите.
Преговорите меѓу претставници на грчкиот и турскиот дел на Кипар почнаа минатата недела со очекување дека ќе се изнајде решение за долготрајниот спор.
Преговорите ги предводат претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканчи.
Грција, Турција и Велика Британија како држави гарантори имаат свои претсатвници во Женева.