Интерпол ја отстрани Турција од својата база на податоци, откако Анкара објави листа со имиња на 60.000 осомничени припадници на движењето на проповендикот Фетулах Ѓулен по кои трага, објави „Хуриет дејли њуз“.
Весникот наведува дека одлуката за стопирање на пристапот на Турција до базата на податоци за лицата по кои се трага, е донесена по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.
Тоа се случи, речиси пред една година откако Турција ја објави листата со имињата на лицата кои пребегнаа во странство и се осомничени за членство во организацијата на Ѓулен, која според Анкара е организатор на пучот.
– Со одлуката на Интерпол се блокираат броевите на пасошите на осомничените ѓуленисти. Така осомничените за воениот удар можат да ги користат истите пасоши, наведува „Хуриет дејли њуз“.