ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на радиодифузната такса и зголемување на платите во администрацијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, преку поднесување предлог-закони ќе бара зголемување на платите на администрацијата за 5% и измени на Законот за медиуми со цел укинување на радиодифузната такса, информираше пратеникот Илија Димовски на прес-конференција во Собранието.

„За зголемување на платите на администрацијата вети СДСМ, но тоа е наше изборно ветување. Бараме овој закон да се донесе итно за да може платите на администрацијата да се зголемат за 5% од јануари 2018. Сметаме дека има средства во буџетот и оваа решение може да се реализира. Што се однесува до медимуите, ова е истиот закон што СДСМ го поднесе и со него сакаме да ги потсетиме дека ветија пред граѓаните дека штом ќе дојдат на власт веднаш ќе се укине радиоифузната такса. Ќе бараме законите уште денеска да се најдат на седница и да се отвори дискусија по нив“, рече Димовски.

Пратеникот Димовски уште еднаш ги повика СДСМ да бидат отворени и транспарентни, како што рече, навремено да ги информираат пратениците за потезите што ги влече Владата. Како пример го наведе Договорот за добрососедски односи, кој според него треба да биде доставен до пратениците и разгледан на посебна затворена комисиска седница. Исто така, побара да се образложи и планот „369“ што го усвоила Владата за реформи во повеќе области.

„Можеби ова што го прават е почетна грешка, збунетост, но во иднина нема да дозволиме ваков однос. Повторувам, ние нема да бидеме кооперативни, само да ги покриваме нивните грешки. Ако сакаат инклузивност, треба да подадат рака и со консензус да се носат одлуки кои се однесуваат на иднината на нашата држава“, додаде Димовски.

Пратеникот Димовски најави дека наскоро ќе има реална форма на организирање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, без да образложи детали.

Би можело да ве интересира

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата