А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФОТО: Перо Антиќ прогласен за заслужен граѓанин на Општина Центар

by А1он05/07/2017 - 12:53280
Share0

Како признание за огромниот придонес во спортот и афирмацијата на Република Македонија и општината од која потекнува, Центар денеска му ја додели плакетата за заслужен граѓанин.

Добивај вести на вибер

Носителот на три евролигашки титули, единствениот Македонец кој играше во НБА, репрезентативец и капитен на генерацијата која го освои 4-тото место на Европското првенство во Литванија, се заблагодари за првото признание кое Општина Центар го доделува за заслужни граѓани.

„Особено сум задоволен што општина Центар, мојата општина и градоначалникот Андреј Жерновски ги враќаат терените, ја вративте младинската школа и ќе го вратите она што недостасува, уличниот баскет. Ова е мотив повеќе младите да тренираат и играат за да се најдат еден ден на моето место. А ние продолжуваме понатаму“, рече Антиќ.

Иако во 2001-ва година, тогашниот Совет на Општината донел одлука за доделување на признанија на заслужните граѓани, досега ваква награда нема никој добиено.

Сите општини, рече градоначалникот Жерновски, треба да го вреднуваат трудот и успехот на своите граѓани.

„Ова ги инспирира и младите генерации. Ако одлучите да наградите некој што навистина тоа го заслужува, нема подобра одлука тоа да биде Перо Антиќ. Ако сакате да играте финале во Евролигата и да освоите европска титула во својата екипа, земете го Перо. Тој е прв и единствен Македонец кој играл во НБА. На прашањето од каде му е сигурноста и дрскоста, Перо Антиќ знаел да каже „Тоа е она центарското во мене“. Перо Антиќ е извонреден сопруг и татко на три сина. Тој е првиот центарец кој ја доби наградата заслужен граѓанин“, рече градоначалникот Жерновски.

Одлуката беше едногласно донесена од Советот на општина Центар.

„Во име на Советот, му честитам за наградата и за почетокот на една нова традиција да се вреднува достигнувањето на најдобрите и најзаслужните. Овде со нас се и подмладокот на кошаркарскиот клуб Работнички, капитенот на шампионскиот тим на КК Работнички до 18 години и тренерот. Ова е предизвик за младите да се најдат на негово место“, рече советникот Игор Алаџајков.

Ова станува традиција и Општина Центар ќе доделува признанија за физички и правни лица за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието.

Ова ќе значи развој и афирмација на општина Центар и на Република Македонија во светот.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен