Околу 300 борци на групата Исламска држава (ИД) се останати на мал дел од територијата што и натаму е под контрола на џихадистите во Стариот град во Мосул, изјави денеска висок командант на ирачката војска.
Генерал полковникот Сами ал-Ариди од ирачките специјални единици нагласи дека подрачјето под контрола на милитантите во Мосул е намалено на подрачје од само 500 метри квадратни.
Ирачките сили го опколија Мослул пред почетокот на офанзивата за да го спречат бегството на борците на ИД во соседна Сирија, но ал-Ариди изјави дека стотици милитанти, сепак, успеале да побегнат од градот.
– Тие само ќе ја избричат брадата и ќе се прошетаат. Вчера заробивме двајца кои се наоѓаа меѓу жени и деца, рече ал-Ариди.