Министерот за правда Билен Салији на денешната средба со германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер информирал за чекорите што се преземени од ресорното Министерство и од Владата на Република Македонија кон остварување на главната цел, интеграција на земјата во Европската унија и НАТО.
Како што информираат од Министерството за правда, министерот Салији и се заблагодарил на амбасадорката и на германската држава за постојаната помош и поддршка за Македонија и за нејзините граѓани.
Амбасадорката Алтхаузер упатила честитки до министерот за неговото назначување на оваа функција и ја изразила својата подготвеност, како и на германската држава за поддршка на реформите предвидени од страна на Владата на Република Македонија, реформи кои треба да го надополнуваат овој нов дух создаден по парламентарните избори одржани минатата година.