Директните странски инвестиции во Албанија достигнаа 5,8 милијарди евра

Од:

Во првиот квартал од годинава директните странски инвестици во Албанија изнесувале 5,8 милијарди евра, јави дописникот на МИА.

Официјалните податоци на Централна банка на Албанија покажуваат дека во споредба со истиот период лани, директните странски инвестиции се поголеми за околу 800 милиони евра.

Кога станува збор за тоа кои се секторите кои привлекуваат најмногу странски капитал, на прво место е информатичко-комуникацискиот сектор, кој главно вклучува инвестиции во телефонски компании, но исто така и во т.н. кол центари. Странските инвестиции во овој сектор изнесуваат 1,22 милијарди евра.

На второто место, каде странците најмногу сакаат да инвестираат е електрична енергија и гасот. Тука се вклучени инвестиции во изградба на хидроелектрани под концесија, но и „Трансјадранскиот гасовод“ (ТАП).

Според Централна банка, електричната енергија и гасот привлекле повеќе од милијарда евра странски инвестиции во Албанија, додека финансискиот сектор е на третото место со 952 милиони евра.

Грчките компании со 1,2 милјарди евра и натаму се главни инвеститори во албанската економија, а по нив следуваат фирми од Холандија со 870 милиони евра инвестиции.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата