Македонскиот каратист Петар Заборски, по освоениот златен медал на Светскиот карате куп во Умаг се најде на второто место на официјалната ранг листа на Светската карате федерација (WKF).
Извонредниот успех на 19-годишниот Заборски му донесе скок од од пет места на рејтинг листата во возрасната категорија на помлади сениори или (У21).
Членот на Макпетрол пред купот во Умаг беше седмо рангиран спортист во светски рамки.