СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ.(32) од Белгија, а со место на живеење во с.Желино-тетовско за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 17.09.2012 година, околу 19,30 часот, во с.Желино, додека С.Џ.(45) од с.Желино се движел со патничко возило, во близина на неговата куќа, патот му бил попречен од возило управувано од пријавениот, инаку негов роднина со кој имале нарушени меѓучовечки односи, по што пријавениот насилно го извлекол С.Џ. од возилото и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди, а потоа од пиштол што го поседува без одобрение испукал еден куршум, но не го повредил С.Џ.