Индискиот премиер Нарендра Моди во историска посета на Израел

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди престојува од денеска во тридневна официјална посета на Израел, што е прва посета на вака високо ниво во 70-годишното постоење на израелската држава.

Двете земји имаат воспоставени целосни дипломатски односи од пред 25 години, но владите во Њу Делхи секогаш настојуваа да имаат одмерени односи со Тел Авив, објаснувајќи го тоа со големата муслиманска заедница во Индија и со индиската зависност од арапската нафта.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху ја означи посетата на Моди како „историски настан„ кој според него, ке ја продлабочи соработката на двете земји и ке ги прошири областите каде Израел и Индија може да соработуваат.

Премиерот Моди, од своја страна ги истакнува долгите врски меѓу двата народа.

-Индија и еврејската држава споделуваат длабоки и неколку векови стари врски- вели индискиот премиер.

Двете земји и досега имаа долга традиција на соработка во секторот на одбраната, безбедноста и во антитероризмот. Индија купува оружје и софистицирана опрема од израелско производство и во овој сектор, владата во Њу Делхи е најголемиот купувач на израелско оружје во светот, кое минатата година достигна вреднст од над 1 милијарда долари.

Во текот на разговорите што ке ги водат Нетанијаху и Моди и нивните соработници, најавено е проширување на соработката и во безбедносните работи, во аграрот, водоснабдувањето и во енергијата.

Индискиот премиер е предвидено да се сретне со израелското момче Моше Холцберг, чии родители беа убиени во текот на терористичките напади на исламски милитанти, во Мумбај во 2008 година.

Младиот Моше тогаш бил спасен од неговата дадилка Индијка, која стана херој во израелската јавност.

Премиерот Моди нема да патува во Рамалах и нема да се сретне со лидерите на Палестинците, што инаку е вообичаено при посетите на високи странски гости на Израел.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот