УКИМ утре ќе го објави конкурсот за упис на студенти во 2017/2018 година

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје утре ќе го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година во академската 2017/2018 година, во кој новина е укинувањето на дисперзираните студии. Слободни се вкупно 10.818 места.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски изјави дека според квотите одобрени од Владата, 5865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите и 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.

Конкурсот утре ќе биде објавен во весникот „Нова Македонија“, како и на веб-страницата на Скопскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот