Цените на угостителските услуги во јуни се на исто ниво како во мај годинава, а забележано е зголемување од еден процент во споредба со јуни минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Статистичките податоци покажуваат зголемување во јуни само во групата алхоколни пријалоци за 0,1 процент.
Во периодот јануари – јуни во однос на истиот период минатата година има зголемување за 0,7 проценти, додека во споредба со декември лани е забележано зголемување за 0,3 проценти.