Нов земјотрес од 3,7 степени по Рихтер во Охридско

Од:

Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во 10 часот и 27 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,7 степени го потрсе Охридско и во 08 часот и 36 минути.

Уште десетина послеби земјотреси се регистрирани изминатата ноќ.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада