Нов земјотрес од 3,7 степени според Рихтер во Охридско

Од:

Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во 08 часот и 36 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Уште десетина послеби земјотреси се регистрирани во Охридско изминатата ноќ.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Кина

Силен земјотрес во Егејско Море

А1он

Земјотрес го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ