Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ рече дека од него се очекува да го поддржи формирањето на про-европската влада со ДС на Борис Тадиќ, како една варијанта, додека и Николиќ исто така е миленик на меѓународната заедница.
Потенцијалниот премиер на Србија искоментира „Ова е луд свет”.
Тoj изјави дека денес ќе започне преговори за формирање на новата влада. Ако се покаже дека не е возможно да се формира со Демократската партија, тогаш ќе започе разговори со Српската напредна партија (СНС).
Дачиќ рече дека повеќе не постои приказната „само со поддршка на Борис Тадиќ ја поддржувате проевропската влада“ затоа што очигледно е дека и Томислав Николиќ е прифатлив за ЕУ и меѓународната заедница.
„Николиќ во телефонски разговор ја повика американската државена секретарка Хилари Клинтон, а европскиот комесар за проширување Стефан фуле му доаѓа на инаугурација”, Тој ги посочи и двајцата како „еврофанатаци“, а самиот себе се прогласи за поголем националист од нив.
„Не се работи овде за прашањето кој е за Европа, а кој не е. Тие се за Европа, но јас сум за Србија“, рече тој.
„Јас би можел да бидам премиер во една друга комбинација, но не и да бидам дел од нешто за кое само се вели дека е про-европски“.
„Кога ќе појдам во Америка не можам да остварам средба ниту со некој од министрите, а Николиќ телефонски се слуша со државниот секретар на САД”, изјави лидерот на социјалистите.
Постои можност да пропаднат преговорите помеѓу социјалистите и Наапредната партија, па влада да формираат ДС и СНС, или пак да се оди на нови избори.
Според неговите зборови, Социјалистичката коалиција тешко дека ќе прифатли предлог да се замрзнат платите и пензиите во јавниот сектор.
Дачиќ рече дека СПС 2008. даде поддршка за формирање на проевропската влада, но тогаш тој во меѓународната заедница беше преставен како нужно зло.