СДСМ: Завршува узурпацијата на државните институции

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Емилија Александрова.

„ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ги познава процедурите и законите во Република Македонија. Во итни ситуации, законите дозволуваат именување в.д. директори или вршители на должност кои овозможуваат раководење на институциите додека не се распише конкурс.

На граѓаните на Македонија итно им се потребни функционални и професионални државни институции кои работат во нивен интерес и од тие причини именувањето в.д. директори се прави за итно да се ослободат клучните институции кои беа заробени од кадри под директна контрола на Никола Груевски. За вдомување на ваквите послушни кадри и за целосна узурпација на институциите специјално се штимале систематизацијата и критериумите за вработување.

Во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници со цел да се одблокираат институциите, да се овозможи демократски трансфер на власта во сите ресори и да се обезбедат професионални државни институции кои ќе работат во служба и интерес на граѓаните“

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација