(ВИДЕО) Богојески: Почнуваме теренска кампања за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ по 20 дена од првата прес-конференција со видно зголемена поддршка со сите претставници на структурите на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најавија почеток на теренска кампања низ сите општини во Република Македонија.

Петар Богојевски истакна дека кампањата ќе биде со цел подигнање на свеста за потреба од суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

– Срдечно се заблагодарувам на огормниот број членови и симпатизери кои секојдневно изразуваат и даваат поддршка на оваа иницијатива за спас на партијата. Членови и симпатизери потполно свесни за политичката изолација во која западна партијата, рече Богојески.

Упати порака до раководството на партијата, кое го повика да се приклучи на иницијативата со цел што поскоро да се случат реформите и демократските промени во ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарски прашања Богојески кажа дека тие не се фракција во партијата и дека нема никогаш да ја напуштат партијата, туку бараат итни реформи во неа.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито