Во последните шест месеци немало ниту еден успешен напад на пирати врз бродови во реонот на Аденскиот Залив, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кој го прими во штабот на НАТО во Брисел премиерот на Џибути Дилејта Мохамед.
Двајцата соговорници потпишаа документи со кои во бирото за врска на НАТО во африканската држава ќе биде испратен воен аташе.
Без да се повикува на точни информации, Расмусен изјави дека благодарение на меѓународните сили, распоредени во реонот на Аденскиот Залив, бројот на пиратските напади изминатава година драстично се намалил.
Мохамед истакна дека неговата земја е единствената држава во регионот со трајна стабилност, која игра позитивна улога во борбата против тероризмот и пиратството.