Средба Нимиц – Ахмети: Ќе направиме сѐ да се најде компромисно решение за спорот

Од:

По средбите со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Ѓорге Иванов, медијаторот Метју Нимиц се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, што е прв чекор кон вклучување на ДУИ во процесот на решавање на спорот за името. Нимиц средбата ја оцени како многу добра, опишувајќи го Ахмети како политичар со голема мудрост за состојбата во земјата и со големо знаење за спорот за името.

Ахмети го охрабрил Нимиц да продолжи со преговорите за името, затоа што смета дека спорот треба да се реши и притоа му дал, како што рече медијаторот, мудри размисли како да се направи прогрес.

Ахмети истакна дека Македонија бара добро решение за проблемот, дека Албанците се дел од оваа држава, дека не биле индефирентни кон спорот и затоа таму каде што треба ќе дадат придонес.

Тој го уверувал Нимиц дека ДУИ ќе направи се што поскоро да се најде компромисно решение за спорот. Според Ахмети, прашањето е многу значајно, а трае веќе 20 години. Посетата на Нимиц, рече Ахмети, е порака и до сите граѓани дека прашањето е на значајно место на агендата, но од сите политички актери зависи како ќе успее да се материјализира преговарачкиот напор на медијаторот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

ДУИ одржува Генерален совет, Ахмети повторно вели дека не се почитува легитимитетот на гласачите Албанци

Ахмети – Пападопулу: Потребно е целосно почитување и спроведување на Преспанскиот договор од двете страни

Горан Наумовски