„Поетски синтези 2017“ во Битола

Од:

Во организација на Здружението за наука и култура „Нова“, викендов во Битола во рамки на Битолско културно лето се одржа деветтиот фестивал „Поетски синтези 2017“ под мотото „Поетски пораки за мир“.

На првата фестивалска вечер во амбиенталниот простор на Магазата под отворено небо во центарот на градот со своја поезија се претставија 15 поети од Македонија, Србија, Хрватска и дијаспората, а поезија се читаше на македонски, шведски, англиски, српски, хрватски и на италијански јазик.

– Симболично со балони и цветни креации на Живко Поповски-Цветин, поетските пораки за мир од Битола беа испратени во целиот свет. Меѓу поетите настапија: Мирјана Стојановска, Искра Пенева (Србија), Кристина Николовска, Гордана Михајлова-Бошњаковска, Жаклина Михајлова (Австралија, дијаспора), Љерка Тот-Наумова, Никола Илијовски, Весна Мундишевска, Живко Поповски-Цветин, Бобан Богатиновски, Ленче Милошевска, Петко Шипинкаровски, Ивана Боцеска и Билјана Димко, соопшти Здружението за наука и култура „Нова“.

На фестивалот беше доделена традиционалната награда „Поетска муза“ за најдобра стилска композиција на песна и интерпретација, што и припадна на Ивана Боцеска, како и на Жаклина Михајлова за песна од дијаспората.

Во рамки на поетскиот фестивал денеска се одржа симпозиум на тема: „Карактеристиките на современата македонска и балканска поезија“ на кој говореа проф. д-р Кристина Николовска и Искра Пенева, а модератор беше организаторот на манифестацијата Мирјана Стојановска.

Беше промовиран и зборникот песни „Поетски пораки за мир“ во издание на Здружението за наука и култура „Нова“, а беа доделени и награди на млади автори по пролетниот конкурс на Здружението „Нова“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање