А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реконструкција на две градинки и доградба на ООУ „Гоце Делчев“

by А1он03/07/2017 - 10:1303/07/2017 - 10:14248
Share0

Децата од матичниот објект на градинката „Корчагин“, кој се наоѓа позади Градска болница, престојуваат во несоодветни услови, прозорци, занимални и креветчиња кои беа стари и дотраени.

Добивај вести на вибер

По цели 43 години и неколку средби со надлежните и со родителите со градоначалникот Андреј Жерновски, одлучено е дека е потребна комплетна реконструкција на оваа центарска градинка.

Договореното се реализира и во завршна фаза е поставување на нова фасадна столарија.

Сменети се 102 прозори, поставени 6 коморни прозорци кои се енергетски ефикасни, со четири сезонско стакло.

Заедно со новите 18 врати, градинката „Корчагин“, која е на површина од 1923 м2, ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект.

Реконструкцијата на овој објект беше и избор на граѓаните на Центар, кои на Форумите на заедницата изгласаа да се обезбедат пари за оваа намена и дека ова е еден од проектите кој под итно треба да биде поддржан. Средствата се обезбедени со помош на Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

И децата од градинката „Пепелашка“, која е сместена позади Црвениот крст и е на површина од 915 м2, ќе престојуваат во многу подобри услови.

Во тек е изработка на проект за реконструкција на клонот на објектот „Пепелашка“, со што ќе биде целосно реконструиран и ќе стане енергетски ефикасен.

Ќе се менуваат вратите, прозорците, градинката ќе добие целосно нови занимални и помошни простории.

Куќата во која е сместена во оваа градинка била во сопственост на еврејско семејство, кое за време на депортацијата во Втората светска војна, ја оставиле како завет да се користи исклучиво за детска градинка.

Општина Центар продолжува со подобрување на условите за учење и престој на децата. Затоа, се чека одлуката на Советот на Град Скопје за ослободување од комуналии, за да почне доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ за 500 м2.

Учениците ќе добијат 4 нови училници, 3 помошни простории, а дел од реконструктивниот зафат е и поставување лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.

Со реконструкцијата училиштето ќе има сутерен, приземје и 2 спрата и многу подобри услови за квалитетно образование, се вели во соопштението на Општина Центар.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен