Во Охрид повторно земјотреси – 3,7 и 2,8 степени по Рихер

Од:

Уште два земјотреса се почувствувани рано изутрината во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентрите на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид. Првиот е регистриран во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8 а беше почувствуван во Охрид, Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Вториот се случи во 3 часот и 54 минути со Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци, земјотресите од оваа серија, која започна од 18 јуни, освен вознемиреност кај населението во охридското епицентрално подрачје, не предизвикале материјални штети.

Најсилниот земјотрес во Oхридско е почуствуван вчера претпладне во 11:39 часот со магнидута од 3,9 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри во земјината кора.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето беа слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Русија – 5,8 степени по Рихтер

А1он

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес во Македонија

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он