Трамп и Си разговараа за заканите од Северна Кореја

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг разговараа за заканите што доаѓаат од Северна Кореја, соопшти Белата куќа.

– Двајцата лидери ја потврдија приврзаноста кон идејата за Корејски Полуостров без нуклеарно оружје. Трамп повтори дека е цврсто решен да се стреми кон по избалансирани трговски односи со трговските партнери на Америка, стои во соопштението.

Американските медиуми јавија дека, претседателот на САД се уште е незадоволен од неуспехот на Кина да ја запре Северна Кореја.

Исто така, Трамп оствари телефонски разговор и со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, при што беше одлучено заедно со Јужна Кореја да биде зголемен притисокот врз севернокорејскиот режим.

Разговорот имаше за цел да ја потврди блиската соработка меѓу САД, Јапонија и Јужна Кореја пред средбата на Г-20, што ќе се одржи во Хамбург кон крајот на неделава.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа