Националната комисија за контрола на сметките на предизборните кампањи и јавното финансирање ја отфрли сметката на предизборната кампања на Никола Саркози за претседателските избори во 2012 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Според информациите на неделникот „Експрес“, се покажало дека сметките на Никола Саркози ја надминале легалната сума од 22 509 000 евра.
Одлуката на Комисијата наскоро ќе му биде доставена на поранешниот претседател Никола Саркози и пренесена до Уставниот совет на Франција, пишува неделникот на својата интернет страница.
Никола Саркози ќе можи во рок од еден месец да поднесе жалба. Ако се потврди отфрлањето на предизборните сметки на Никола Саркози, партијата која ја финансираше и го поддржуваше Никола Саркози – УМП ќе загуби 11 милиони евра субвенции од државата.