Дете прегазено во сообраќајка во Куманово

Од:

Возач удрил во 11-годишно дете пешак во Куманово, кое се здобило со тешка телесна повреда по што му била укажана лекарска помош во Општата болница-Куманово и било задржано на понатамошно лекување.

Како што соопшти денеска полицијата, сообраќајката се случила вчера во 10:40 часот на крстосницата од булеварите „Трета македонска ударна бригада“,„Октомвриска револуција“ и улицата „Б.Б.Гуцман“. Во несреќата патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Ј.М.(53) од Куманово удрило во детето.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски