ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е димната завеса за покривање на неспособноста на владата

Од:

„СJO има за задача да води цел еден политички процес со единствената намера елиминација на ВМРО, со цел слабеење на државата.

Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, што одолеавме на многу притисоци и закани поврзани со името на државата, името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори, или пак спроведување на платформи на туѓи држави. Што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата како што ја сака народот, а на како некои други што ја посакуваат, и што некој друг прифатил поинаку, па не знае како тоа да го изведе при силна и цврста ВМРО-ДПМНЕ со над 170 илјади членови и 455 илјади гласачи.

Канцеларијата на СДС, СJO е димната завеса за покривање на неспособноста на владата, и за штетните одлуки и договори за државата.

СЈО ја има задачата секогаш кога ќе биде актуелен договорот со Бугарија со кој СДС прифаќа заедничка историја и менување на историските факти, тема да не биде тој договор туку самото СЈО, секогаш наместо за платформи, штетни продажби, и криминални зделки, да се збори за СЈО која ја игра нарачаната ролја“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината