Самарас: До крајот на годинава државата ќе плати една милијарда евра долгови

Од:

До крајот на 2012 година ќе бидат исплатени една милијарда евра долгови на државата, откако Грција оваа недела доби 34,3 милијарди евра финансиска помош, соопшти грчкиот премиер Андонис Самарас.

По вчерашниот состанок со министерот за финансии Јанис Стурнарас и други функционери од Министерството, на кој се дискутираше како ќе бидат распределени парите, грчката Влада изрази надеж дека во месеците што доаѓаат постепено ќе се исплаќаат доловите од околу девет милијарди евра, што заедно со завршувањето на рекапитализацијата на банките ќе ја подобри ликвидноста и ќе го ублажи влијанието на тековната рецесија, јави дописникот на МИА од Атина.

– Со парите што ги добивме од заемот, постепеното плаќање на долговите ќе почне од утре, изјави Самарас.

„Катимерини“ дознава дека 40 милиони евра ќе се искористат за еднократна исплата на 1.200 државни службеници кои ќе се пензионираат, 255 милиони ќе одат за Министерството за внатрешни работи кое потоа парите ќе ги распредели на 42-те општини во земјата, кои исто така имаат долгови за плаќање, 700 милиони ќе се потрошат за исплата на данокот кој се враќа, а Владата треба да реши и како ќе ја подмири сметката на Националната организација за здравствено осигурување (EOPYY). EOPYY должи околу 100 милиони евра на болници и приватни клиники и уште 80 милиони евра на фармацевти за лекови издадени на осигурени пациенти во септември.

Од парите кои стигнаа оваа недела, 16 милијарди се за рекапитализација на банките, седум милијарди долари за финансирање на буџетот, додека 11,3 милијарди се наменети за покривање на програмата за откуп на обврзници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција