Македонските одбојкари преку Данска атакуваат на ново финале во Европската лиога

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација во своето четвртто учество на завршницата во Европската лига ќе се обиде за првпат да го подигне шампионскиот трофеј.

По перфектните „шест од шест“ во групната фаза, „спартанците“ најавуваат уште две нови победи за остварување на посакуваната и единствена цел – европско злато. Македонија за противник во полуфиналето на „фајнал-форот“, кој викендов ќе се одржи Гентофе, го доби домаќинот на турнирот Данска.

„Ние имаме јасна цел. Не нè интересираат другите репрезентации, ниту Данска, ниту пак кој би сакале да ни се падне во финалето. Сакаме Европската лига да ја завршиме со осум победи. Ќе го дадеме максимумот, наша цел во овие два дена е златен медал“, изјави капитенот Никола Ѓоргиев.

Нашите репрезентативци досега имаат одиграно две финалиња, против Естонија и Словенија, и едно полуфинале против Црна Гора. Според играта, нашата репрезентација има добри шанси да го подигне првиот европски пехар.

Македонските одбојкари имаат уибедлив биланс во дуелите против Данска, а од досегашните шест средби имаме пет победи и само еден пораз, што дава верба дека и овојпат ќе успееме да славиме.

Полуфиналниот меч меѓу Македонија и Данска е втор на денешната програма, а ќе се игра во терминот од 19 часот, додека претходно од 16 часот во првото полуфинале ќе играат Шведска и Украина.

Дуелите за пласман односно 3.место и финалето ќе се игра утре во истите термини.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ