Кривичниот суд одлучува по двата нови обвинителни акти доставени од СЈО

Од:

Основниот суд Скопје 1 – Скопје соопшти дека синоќа во 21:40 часот, Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) доставило два нови обвинителни акти – едниот поврзан со предметот „Титаник“, а вториот во кој се опфатени предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

– Двата обвинителни акта веќе се распоредени, согласно електронскиот систем за водење предмети, на оценка кај судиите Ивица Стефановски и Горан Бошевски, а со оглед дека во двата предмета до судот доставени се и предлози за определување мерки за обезбедување присуство, предметите се доделени во работа на кривичните совети кои треба да одлучат по истакантите барања, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

За сите предмети, како и претходно, јавноста ќе биде информирана откако ќе биде донесена одлука, која ќе биде писмено изработена и доставена до странките во постапката.

Би можело да ве интересира

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски

Судoт го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“

Кривичен суд: Одложено судењето за предметот „Адитив“

Утковски: Имаме ограничен број на возила и вработени во затворската полиција во затвор „Скопје“

Горан Наумовски

Кривичен суд: Рочиштата за главна расправа се одложени поради непостапување на Затворските установи

Кривичен го одобри обвинението за директорите на Онкологија – Васев и Нухи, го оштетија државниот буџет за 36 милиони евра

А1он