БЕГ: Санацијата на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ ќе заврши во најкраток рок

Од:

Дистрибуција со топлина Балкан енерџи Скопје информира дека интензивно работи на завршување на градежните активности на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во општина Центар и на враќање на теренот во првобитна состојба.

Во рамки на овој зафат монтажата на новите цевки е веќе во завршна фаза.

– Во текот на оперативната изведба, нашите екипи наидоа на подземни инсталации чие санирање одзема дополнително време надвор од предвидениот рок. Правиме напори целата операција да се заврши што побрзо и во таа насока ги интензивираме нашите активности се со цел градежните работи да завршат во најкраток можен рок, соопшти БЕГ.

Градежните работи и реконструкцијата на топлинската мрежа на овој потег се одвиваат согласно регулативата од оваа област.

Работните активности се дел од инвестициската програма на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи за 2017 во чии рамки се предвидени и модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.

Би можело да ве интересира

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра