Вицепремиерот Османи се сретна со амбасадорите на Шпанија и на Полска

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска имаше одвоени средби со амбасадорите на Кралството Шпанија Рамон Абароа Каранза и на Република Полска Јацек Стефан Мултановски, во Република Македонија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

На средбата со шпанскиот амбасадор, Османи искажа благодарност за поддршката од Кралство Шпанија за евроинтегративниот процес на Македонија, која претставува дополнителен поттик при спроведувањето на потребните реформи и преземените обврски. На средбата амбасадорот Каранза ги истакна добрите односи меѓу Република Македонија и Кралство Шпанија со надеж дека тие и понатаму ќе се продлабочуваати и ја оцени како позитивна динамичната агенда на новата Влада, како и нејзиниот инклузивен пристап кон граѓанскиот сектор.

Во разговорот со полскиот амбасадор Јацек Стефан Мултановски, една од клучните теми за разговор беше досегашната поддршка што Република Македонија во континуитет ја добива од Република Полска, особено во текот на претседавањето на Полска со Вишеградската група. Беше истакната соработката и размената на искуства меѓу двете земји во рамките на Скопската конференција.

Османи ги информираше амбасадорите за идните планови и динамичната агенда која Владата ја има пред себе, а како посебен поттик ги нагласи неодамнешните посети на Брисел, вклучувајќи го одржувањето на Комитетот за стабилизација и асоцијација и средбите со високите претставници на Европската комисија, како и посетите на Грција и Бугарија. Исто така, беше нагласено дека по излегувањето од длабоката политичка и институционална криза која владееше во изминатиот период, земјата има можност да го искористи моментот за забрзување на евроинтегративниот процес, се вели во соопштението од СЕП.

– Не смееме да дозволиме да го расипеме првиот впечаток, мора да останеме целосно фокусирани во спроведување на итните реформски приоритети и обврските кои произлегуваат од Пржинскиот договор, како и во понатамошното зајакнување на меѓуетничките односи, преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор. Ги подигнавме очекувањата на граѓаните, сега имаме обврска да ги оправдаме нивните очекувања. Едноставно, мораме да испорачуваме, истакнал истакна Османи на средбите со амбасадорите на Шпанија и на Полска.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски