Продолжува „рововската“ битка за државната каса за 2013

Од:

Продолжува рововската битка меѓу политичките противници за буџетот за 2013.

Останува уште денеска да се направи, ако е можно да се направи договор.

Како никогаш во изминатите 6 години, Владата прифати 44 амандмани од опозицијата за буџетот, од кои најмногу од СДСМ, а во вредност од околу 3 милиони евра .

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски предлага министерот за финансии да ги разгледа и да ги извести опозициските пратеници што би прифатил, за да нема дискусии во комисиите, и в понеделник да почне расправата на пленарна седница.

Од  СДСМ  инсистирааат пратениците да разговараат за  нивниот план за заштедење на 204 милиони евра во буџетот.

ДПА ќе дојдат на средбите за буџетот само ако биде повлечен законот за бранители.

А токму овој Закон е во Комисијата за труд и социјална политика. Со неа претседава пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ. Цветанка Иванова, која изјави дека ќе го подржат Законот, не ја раководи седницата, затоа што, вели, не сака да учествува во задкулисните игри на коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за билдање на нивниот рејтинг.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети