Гоце Филипоски нов командант на касарната и гарнизонот во Тетово

Од:

Со војничка свеченост што се одржа во тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ денеска беше извршено примопредавање на должноста командант на третиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада. Нов командант на касарната и гарнизонот Тетово стана потполковник Гоце Филипоски, кој доаѓа на местото на потполковникот Игор Спасеновски, кој ја извршуваше оваа должност над година и пол.

На свеченоста присуствуваа командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригадниот генерал Зоран Милески, командантот на првата механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, команданти и претставници од командите и единиците на АРМ, како и претставници од органите на државната управа, локалните самоуправи од регионот, владини и невладини организации, сојузи, здруженија…

Спасеноски истакна дека му било чест, задоволство и привилегија да командува со единица што ги продолжува традициите на 15 – тата Поречка ударна бригада формирана за време на НОВ.

– Откако застанав на чело на оваа единица до ден денес жртвата, храброста, истрајноста, лојалноста и несебичноста на нашите историски великани вклучувајќи го тука и нашиот патрон Кузман Јосифовски – Питу беа појдовен мотив, инспирација и ѕвезда водилка што константно ги следев по патот на предизвиците со кои се соочувавме. На сите припадници на единицата јавно им оддавам признание за вложениот труд и патриотизам со кој не потклекнале на ниту еден предизвик. Сакам искрено да ви се заблагодарам за вашата доверба со која ме следевте во овој изминат период, рече Спасеноски.

Новопоставениот командант потполковник Гоце Филипоски на должноста доаѓа од офицер за операции во секцијата ј-3 во Генералштабот на АРМ.

– Зоната на одговорноста на оваа единица опфаќа 11 општини што покриваат над 10 отсто од територијата на Република Македонија. Ова е големо признание, но и предизвик оваа единица со одлични резултати и висок рејтинг да продолжи по зацртаниот пат за што ветувам дека ќе го дадам својот максимум, посочи Филипоски.

По официјалното примопредавање на должноста командант и на военото знаме на третиот механизиран пешадиски баталјон се одржа и дефиле на единиците и командите пред претпоставените старешини и старешината што ја предава и што ја прима должноста.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски