Петмина бомбаши самоубијци се саморазнесоа денеска во два бегалски кампа во Либан, близина на границата со Сирија, при што се ранети се тројца либански војнци.
Бомбашите самоубијци ги активирале експлозивните направи поставени на нивните тела, за врема на рација на либанската армија.
Во соопштението на армијата се вели дека уште четворица војници се ранети, кога еден џихадист,сокриен меѓу бегалците, фрлил рачна бомба врз нив во обид да избега.
Рацијата била покрената за откривање на исламистички милитанти меѓу сириските бегалци, како и за пронаоѓање и одземање на скриено оружје.
Камповите се во реонот близу до градот Арсал, каде изминативе години по почетокот на сириската граѓанската војна, често има судири меѓу припадниците на либанската војска и сунитските исламистички милитанти.
Во камповите се сместени десетици илјади бегалци од војната во Сирија, која, според Бејрут, поттикна меѓуверски сидири и во самиот Либан.
Арсал е сунитска енклава, која од сите страни е обиколена од шиитски села.