Индустриското производство во мај зголемено за 9,2 проценти

Од:

Индустриското производство во мај е зголемено за 9,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, пораст има во секторот Рударство и вадење на камен за 7,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 8,8 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13,8 проценти.

Во секторот Преработувачка индустрија зголемувањето е резултат пред сѐ на зголеменото производство во делот на прехранбените производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производството на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 18,1 процент, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8 процент, Капитални производи за 23,5 процент, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 проценти.

Во периодот јануари – мај во однос на истиот период минатата година има зголемување од 0,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата