Голем пожар беснее меѓу струшките села Делогожда и Поум

Од:

Голем шумски пожар избувнал попладнево во планинскиот превој меѓу струшките села Делогожда и Поум.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга, јавното претпријатие „Јабланица“, Дирекцијата за заштита и спасува и локалното население се на терен и се борат со огнената стихија.

Командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди информира дека на терен се три противпожарни возила, но оти немаат капацитет сами да го изгаснат огнот, кој брзо се шири поради силниот ветер што дува во тој регион. Помош побарале и од Охридските пожарникари и од Дирекцијата за заштита и спасување за активирање на авионите за гасење пожари.

– На терен сме со три возила и шест пожарникари, а покрај присуството од надлежните институции помага и локалното население. Пожарот го следиме, но е надвор од контрола и немаме капацитет да го локализираме. Побаравме помош од колегите од Охрид и од ДЗС за пуштање авиони за гасење на огнот, изјави Мамуди за МИА.

Пожарот над селото Делогожда во струшката пожарна бил пријавен околу 15 часот, а зафаќа борова шума и багрем.

Би можело да ве интересира

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Пожар кај селото Јосифово, огнот брзо се шири кон населеното место

Горан Наумовски