Абади: Крај на лажната држава на џихадистите

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска изјави дека „лажната држава“ на џихадистичката Исламска држава „дојде до крајот“.

Абади наведе дека ирачките сили ја ослободија историската џамија во Мосул, каде џихадистите пред три години прогласија калифат.

– Враќањето на ал Нури џамијата и на ал Хадба минарето претставува крај на лажната држава, напиша на Твитер, Абади на англиски јазик.

Тој додаде и дека ирачките сили ќе продолжат да ги „гонат“ борците на ИД за да ги „убијат или затворат, сите до еден“.

Заземањето на џамијата ал Нури претставува симболична победа на ирачките сили, кои веќе осум месеци водат офанзива за заземање на Мосул, кој де факто беше престолнина на ИД во Ирак.

ИД пред една недела ја разурнаа средновековната џамија и познатото криво минаре.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак